Кристијано Роналдо како капитен е стартер за репрезентацијата на Португалија во дуелот против Чешка на Европското првенство, со што влезе во вечноста поставувајќи рекорд кој тешко дека некогаш ќе биде срушен. За португалецот ова е шестти настап на Европско првенство, откако дебитираше пред 20 години, односно во 2004-тата кога како 19-годишен го запиша првиот настап на првенството на кои токму Португалија беше домаќин.
За Кристијано Роналдо ова е 26-ти натпревар на европските првенства, а она што е интересно на претходните пет успеваше да постигне погодоци. На петте претходни шампионати постигна 14 гола и запиша девет асистенции. Со Португалија играше во во две финалиња, а во 2016-тата го крена и победничкиот трофеј.
Настапи на пет првенства има Лука Модриќ, а вечерва му се приклучи и репрезенатативецот на Португалија, Пепе, кој исто како и Роналдо, е стартер на дуелот против Чешка.