По пет години поминати на „Вила Парк“ Даглас Луис е подготвен да си замине од Астон вила. Според најавите и очекувањата, бразилскиот напаѓач во новата сезона ќе се пресели во Торино и ќе го носи дресот на Јувентус.
Луис за Астон вила одигра дури 53 меча во сезоната која што заврши, беше еден од најдобрите на теренот, а на неговото конто запиша 10 погодоци. Токму затоа, Луис се најде во фокусот на Јувентус и се очекува во најскоро време да биде и официјалната потврда за овој трансфер.
Јувентус летово направи промена на тренерското место. Си замине Максимилијано Алегри, а на негово место дојде Тијаго Мота, кој се очекува да направи повеќе промени во играчкиот кадар, се со цел Старата дама да биде поконкурентна во новата сезона.