Ако Роналдо не даде гол против Турција, ќе израмни сопствен антирекорд

Кристијано Роналдо се гордее со неверојатните 130 голови во 208 натпревари за Португалија, но вечерва може да запише достигнување кое нема да му се допадне. Се очекува напаѓачот да биде стартер за својот тим против Турција во натпреварот од групата Ф на Европското првенство, кој е закажан за 18 часот во Дортмунд.

Досега во својата величествена кариера, Роналдо трипати играл против Турција и сè уште нема постигнато гол. Само против Албанија, Кристијано има одиграно повеќе натпревари без да постигне гол – четири.

Ова значи дека ако и денеска не успее да ја затресе мрежата на Турција, ќе го израмни својот антирекорд.

Напаѓачот на Ал-Наср не успеа да постигне гол ниту против Чешка на стартот на ЕВРО 2024.

- Оглас -

Најнови вести