Поранешниот фудбалер на Еспањол, Атлетико Мадрид, Виљареал, Депортиво Ла Коруња и Бенфика, кој беше светски шампион со Шпанија во 2010 година, на едно интервју изјави дека „само еден збор“ го делел од потпис за Реал Мадрид.
„Требаше да потпишам за Реал Мадрид и само поради збор не потпишав… Буквално поради еден збор. Флорентино Перез рече не“, се пошегува Капдевилја кој сега има 46 години и призна дека во минатото пред мечеви се опуштал пиејќи „Кока Кола“. Веројатно имало и нешто друго појако од „Кока-Кола“, ама ќе признае другпат.