Денеска во фудбалската репрезентација на Англија расположението е кренато на повисоко ниво, поради двата родендени на играчи.
Џуд Белингам полни 21, а Еберечи Езе 26 години. Фудбалерите на Реал Мадрид и Кристал Палас позираа и заедно после тренингот.
Англија утре игра со Словачка во осминафиналето на ЕВРО 2024, Гордиот Албион треба да ја оправда фаворитската улога и да заигра како што се очекуваше од нив, со оглед на играчите кои ги имаат во составот, за намалување на критиките кон нив. Во спротивно и шокантна елиминација, нема да се биде пријатно во нивна кожа.