Американската компанија Whoop објави фантастичен податок поврзан со Кристијано Роналдо за мечот одигран против Словенија во осминафиналето на ЕП. Во последната минута од првото продолжување при резултат 0:0, Роналдо промаши пенал, односно голманот Јан Облак го одбрани неговиот удар.
Роналдо веќе со месеци на рачниот зглоб носи нараквица Whoop 4.0 која, меѓу останатото, ги мери и отчукувањето на срцето на фудбалерот. Од компанијата ги дадоа податоците за тоа како работело срцето на Роналдо, колку отчукувања имал во минута за време на дуелот против Словенија.
Во моментите кога судијата отсвирил крај на регуларните 90 минути, Роналдо имал над 180 отчукувања на срцето во минута. Во текот на првото продолжение ритамот на работење на срцето бил помал, а кога бил досуден пеналот пред крајот на првото продолжение, работењето на срцето на Роналдо потполно се смирило, а отчукувањата на срцето паднале и до 100.
When you’re @Cristiano, there’s no fear in football. See how CR7 entered a flow state and dropped his heart rate moments before changing momentum of the match against Slovenia. See you in the quarterfinals, Portugal! pic.twitter.com/E9kLLTdFjt
— WHOOP (@WHOOP) July 2, 2024
Откако остана 0:0 по 120 минути, во пенал-рулетот Роналдо прв реши да шутира и погоди, а тогаш ритамот на работењето на срцето било околу 150 отчукувања во минута. Кога Бруно Фернандеш го погоди вториот пенал за Португалија, отчукувањата на срцето на Роналдо е 125 во минута, а кога Бербардо Силва го погоди пеналот за победа, отчукувањата на срцето на Роналдо достигнало до 180 во минута.