Европското првенство се ближи кон крајот, а тоа значи дека се доближува денот кога Килијан Мбапе ќе биде промовиран во нов фудбалер на Реал Мадрид. Според најавите, Кралскиот клуб на 16 јули е подготвен да го престави Мбапе како нов фудбалер на шпанскиот првак.
Промоцијата ќе биде на „Сантијаго Бернабеу“, кој ќе биде новиот фудбалски дом на Мбапе, кој претходните седум години ги помина во дресот на Пари Сен Жермен. Францускиот репрезентативец се согласи на петгодишен договор со Реал според кој ќе заработува по 15 милиони евра по сезона, а плус ќе добие 100 милиони евра бонус само за ставањето на потписот.
Според шпански „Ас“, на стадионот ќе биде поствена бина која ќе води од соблекувалната до средината на теренот. Околу бината ќе има ефекти во факели, ќе има музички програм, а се очекува да има и спектакуларен огномет. На проомоцијата се очекува да има 80.000 навивачи на Реал Мадрид.
Се очекува Мбапе дебито за Реал Мадрид да го има на 14 август во мечот од Суперкупот на УЕФА против Аталанта и тоа во главниот град на Полска, Варшава.