Големо засилување во Битола: Мирко Ивановски во нападот на Пелистер (Видео)

Македонскиот прволигаш Пелистер го засили нападот со поранешниот репрезентативец Мирко Ивановски. Тој денеска потпиша договор и се враќа во матичниот клуб и во македонскиот фудбалски шампионат.

34-годишниот напаѓач повторно ќе игра во Првата македонска фудбалска лига, каде што дебитираше во дресот на Пелистер и ја освои титулата со Македонија Ѓорче Петров.

Ивановски е еден од фудбалерите со најдолг интернационален стаж во нашата земја. Тој настапуваше за шест романски клубови, Петролул, Клуж, Астра Ѓорѓиу, Конкордија, Динамо Букурешт и Тунари.

Неговиот фудбалски пат го водеше во Чешка, Полска, Турција, Хрватска, Унгарија. Настапуваше за Славија Прага, Арка Гдиња, Видеотон, Болуспор, Славен Белупо, Хајдук Сплит, Диосѓер…

За македонската репрезентација има 27 натпревари, а настапуваше и за сите младински селекции. Тој веќе започна со тренинзи со фудбалерите на Пелистер.

 

 

- Оглас -

Најнови вести