Јувентус официјално објави дека потпишале тригодишен договор со 18-годишниот Црногорец Василије Аџиќ.
Аџиќ во Јуве доаѓа од Будуќност Подгорица и ова е најголем трансфер во историјата на црногорската лига. Трансферот е вреден 2 милиони евра, плус условни три милиони со разни бонуси.
Црногорецот ќе игра за младинскиот состав на Јуве, кој игра во италијанската Серија Ц, а ќе тренира со првиот тим и можеби ќе заигра и за првата екипа на Старата дама.