Репрезентацијата на Аргентина ќе игра против Колумбија во финалето на Копа Америка во обид да ги обедини светската и континеталната титула. Во полуфиналето, Аргентина со 2:0 ја победи Канада, која беше најпријатно изненадување на турнирот.
Лионел Меси и Хулијан Алварес беа стрелци на головите за победа над Канада, но на овој меч се истакна и Родриго де Пол. Фудбалерот на Атлетико Мадрид не се истакна со фудбалски квалитети, туку со глума.
Во последните 30 минути, кога Аргентина имаше сигурна предност од два гола, Де Пол двапати се истакна со глумење на теренот. Во првата ситуација Стивен Еустакио се обиде со лизгачки старт да го стигне Де Пол, но не успеа. Иако воопшто не беше допрен од противникот, Де Пол падна како покосен и се стркала на теренот. Глумата беше толку убедлива, па Еустакио доби и жолт картон.
Argentina’s Rodrigo de Paul out here at the Copa America reinforcing the flopping soccer player stereotype with this phantom foul:#CopaAmerica #ARGCAN pic.twitter.com/MDBPLNd5s6
— Dave Cunning (@davecunning) July 10, 2024
Пред крајот на дуелот, во уште една ситуација Де Пол падна, а еден противнички играч изнервиран од леснотијата со која падна Аргентинецот, полека ја шутна топката во неговиот грб. Де Пол почна да се превиткува како да бил удрен многу силно и се случи мешаница на теренот.
Во секој случај, Аргентинецот ја исполни целта, а тоа е да ги изнервира ривалите и да „украде“ време во моменти кога неговата екипа има солидна предност.