Ливерпул ќе го „украде“ Дани Олмо пред носот на Манчестер сити?

Дани Олмо го освои Европското првенство и сега се подготвува за следниот голем чекор во својата кариера. Останува прашање за кој клуб ќе потпише одличниот Шпанец бидејќи вестите за неговата следна дестинација се менуваат од ден на ден.

Најновите вести од Островот велат дека сега Ливерпул е во преден план за неговиот потпис, иако се поврзуваше со заминување во Манчестер сити.

„Изгледа дека Ливерпул ќе ја потпише суперѕвездата на ЕВРО 2024, Дани Олмо, откако Црвените се најдоа пред своите ривали“, тврди угледниот магазин FourFourTwo во статијата во која се наведува дека Шпанецот е на пат кон „Енфилд роуд“.

Арне Слот сè уште треба да го реализира првиот трансфер како менаџер на Ливерпул, откако го замени Јирген Клоп на крајот од сезоната, а Шпанецот бил бил неверојатно добра аквизиција.

Лајпциг ја продолжи за пет дена, до 20 јули, клаузулата во договорот според која секој заинтересиран клуб може да го откупи Дани Олмо за сума од 60 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести