Мбапе и официјално претставен во Мадрид, следните пет сезони ќе го носи дресот на Реал (Видео)

Килијан Мбапе и официјално беше претставен пред 85.000 гледачи на „Сантијаго Бернабеу“ како нов фудбалер на Реал Мадрид. Французинот во Кралскиот клуб ќе остане во следните пет сезони откако како слободен фудбалер пристигна од ПСЖ. Со ова се оствари веројатно и најголемата желба на Флорентино Перес, во Реал Мадрид да го донесе еден од најдобрите, ако не и најдобриот светски фудбалер во моментов, Килијан Мбапе.

Претходно, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, го прошета Килијан Мбапе во клупските простории и му ја покажа трофејната соба на Кралскиот клуб, веројатно велејќи му дека од него очекува уште многу трофеи.

- Оглас -

Најнови вести