Предлогот од 35 милиони евра на Манчестер јунајтед за Матајс де Лихт бил одбиен од раководството на Баерн Минхен, известува „Билд”. Англискиот премиерлигаш ќе се обиде да го привлече дефанзивецот, но Баварците бараат повеќе пари.
Германците инсистираат на 50 милиони евра плус бонуси, имајќи предвид дека пред две години за него му платија 67 милиони евра на Јувентус.
Манчестер јунајтед ќе треба да продаде некои фудбалери за да може да ослободи средства во буџетот за нови трансфери. Интерес има за Виктор Линделоф, Скот Мектоминеј и за Џејдон Санчо.