Начо Фернандес со солзи во очите се збогуваше од Реал Мадрид после 23 години (Видео)

Капитенот на Реал Мадрид, Начо Фернандес, после 23 години минати во „кралскиот“ клуб ќе го направи првиот трансфер во кариерата и ќе потпише за екипата од Саудиска Арабија, Ал-Кадисија.

Во негова чест беше приредена манифестација, а кога се прикажуваше видеото од неговите игри, но и трофеите кои ги освои со Реал Мадрид, фудбалерот беше многу емотивен и пушти некоја солза.

Начо Фернандес во Реал Мадрид пристигна кога имаше само 11 години. Ги мина сите младински категории во академијата, настапуваше за втората екипа, па стигна да биде и капитен на првата екипа. Освои 26 трофеи со Реал Мадрид, со што е рекордер заедно со Лука Модриќ.

- Оглас -

Најнови вести