Францускиот напаѓач Килијан Мбапе во овој преоден рок ги засили редовите на Реал Мадрид, откако му истече договорот со Пари Сен Жермен.
Реал за потписот на договорот му уплати на Мбапе 100 милиони евра, а годишната плата на одличниот Французин ќе биде бруто 31,2 милиони евра.
Ова е голем финансиски залак дури и за Реал Мадрид, па шпанскиот портал „Vozpopuli“ пишува дека клубот пред исплатата подигнал кредит во износ од дури 130 милиони евра.
Ова го направиле во банка со која преговараат веќе половина година, бидејќи на истата веќе ѝ должат околу 400 милиони евра, а кредитниот рејтинг им паднал, што се нарекува ризично и опасно работење.
Шпанските медиуми пишуваат дека Реал во моментот на доведувањето на Мбапе имал „само“ 82 милиони евра на сметката како пари за тековни трошоци. Тоа е најмалку во последните 20 години.
Реал Мадрид е актуелен европски клупски првак, заработи многу пари, но и многу се трошат за подмирување на сите трошоци, платите на фудбалерите, останатите потреби на тренинг кампот и на стадионот „Сантијаго Бернаеу“. Клубот мора да го задоволи двојниот финансиски фер-плеј, оној за Ла Лига и оној кој го наметнува УЕФА.