Баерн Минхен попладнево одигра контролен меч против германскиот четвртолигаш Дирен, а конечниот резултат беше 1-1.
Летното засилување Нестори Иранкунда (има 18 години и дојде од австралиска Аделаида за 3,4 милиони евра) го спаси германскиот рекорден шампион од пораз. Австралиецот со гол го постигна единствениот гол за Баерн во 69-та минута, откако Дирен водеше 1-0 со гол во првото полувреме.
Баерн беше ослабен, без многу од ѕвездите кои играа на ЕП, но стартери беа Ким, Гереиро, Даер, Горецка, Станишиќ и Тел, што требаше да биде доволно за победа.