Лацио нуди луда трампа – Сергеј за рата за стадион

Српскиот играч за врска Сергеј Милинковиќ-Савиќ е еден од најбараните фудбалери во Италија, а се чини дека по заминувањето од Лацио, следна дестинација на Сергеј ќе биде Милан. Според најавите на добро информирани новинари од Апенинскиот Полуостров, популарниот СМС летово сигурно ќе се пресели во Милан, но интересен е начинот на исплата на неговиот трансфер.

Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, размислува за изградба на нов стадион на кој би играле само римските „орли“, па за да ја оствари целта, би можел да го искористи Србинот. Лотито планира од сопствениците на Милан, фондацијата „Елиот“, да земе позајмица од 300 до 400 милиони евра, а дел од сумата би ја покрил со продажба на Милинковиќ-Савиќ во Милан.

Проценката е дека репрезентативецот на Србија вреди 100 до 120 милиони евра, па таа сума би се одземала од позајмицата која Лотито ќе ја побара од Елиот.

- Оглас -

Најнови вести