Британскиот пливач, Лук Гринбенк, е суспендиран после трката на 200 метри грбно поради прекршување на правило за кое ретко кој знае. Пливачот кој на минатата Олимпијада во Токио го освои бронзениот медал, одлично тргна и на овие игри и го освои првото место во својата група во квалификациите, но веднаш после излегувањето од водата дозна дека е дисквалификуван.
Причината е тоа што при последното вртење останал под вода повеќе од 15 метри, што е забрането во слободен стил, грбно и пеперутка, додека не важи за градно. Гринбенк воопшто не беше свесен дека направил прекршок, па видно вознемирен доби објаснување од судиите, по што падна на колена.
„Не знам што да кажам, многу сум вознемирен. Ова е навистина незгодно.“ – рече британецот веднаш после трката.
https://twitter.com/ChipInSports/status/1818654463898386784?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1818654463898386784%7Ctwgr%5E841f6b7e48e73a40fecacb8f158ab96462cc8f25%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.klix.ba%2Fsport%2Fplivanje%2Fbritanski-plivac-diskvalifikovan-sa-olimpijskih-igara-u-parizu-zbog-malo-poznatog-pravila%2F240801031