Неверојатни информации пристигнуваат од Србија, кои може дополнително да го вознемират светот, а се однесуваат на алжирската боксерка, Имане Келиф. Освојувачката на бронзен медал за Србија на Европско првенство во 2022-рата година, Јелена Јаничијевиќ, вели дека во нејзината земја Келиф е одамна позната, уште пред шест-седум години, бидејќи доаѓала на турнирот „Куп на нации“.
„Имане Келиф е позната во Србија веќе шест или седум години. Повеќе пати доаѓаше на Купот на нациите и мислам дека тоа и беше еден од првите турнири после промената на полот. Во тоа време, нејзиниот тренер кога ќе се напиеше малку повеќе на нашите тренери им се фалеше на начин: Погодете што се случи, имам боксерка која некогаш била машко. Луѓето пијани се шегуваа на нејзина сметка. Мислам дека тогаш победи со нокаут против нашата Николина Гајиќ, на која тоа ѝ беше прва сениорска година. Беше дете.“ – вели Јаничијевиќ.
Сепак, обвинувањата на србинката не застануваат тука. Таа вели дека Келиф не само што е машко, туку и дека е допингувано машко.
„И да е таа личност машко кое го променило полот во женско, тоа нема голема разлика, ако боксуваат со жени во иста килажа. Меѓутоа, мене ми се чини дека тука има и една поголема неправда. Мислам дека не е само машко во женска конкуренција, туку допингувано машко. Никогаш претходно немала толку голема физичка предност во однос на жените против кој боксувал, се до оваа година. Порано жените полесно или потешко, успеваа некако да се снајдат со неа во рингот, дури и да ја победат, но во последните година и половина, буквално никој не може да ја победи. Разликата во физичката сила е голема. Тоа можам да го проценам, бидејќи во Србија често спарингувам со машките боксери кои се тука некаде со мојата килажа и прилично сум рамноправна, можеби за нијанса се подобри.“ – додава Јаничивевиќ
Сепак, информациите кои ги сподели Јелена Јаничијевиќ за српски Спортал треба да се земат со резерва, бидејќи нема никаков доказ, ниту податок, дека Имане Келиф некогаш го има сменето полот од машко во женско.