Алжирската боксерка Имане Келиф се пласираше во полуфиналето на олимпискиот турнир во Париз и со тоа обезбеди сигурен медал на Игрите. По мечот кој го доби во четвртфиналето, Келиф реши јавно да прозбори.
Таа потенцираше дека е биолошка жена, но дека е утврдено дека има зголемен број на машки хормони, по што се појави сомнеж дека е маж. Келиф ја критикуваше Меѓународната боксерска федерација (ИБА).
„Со години боксувам под закрила на Меѓународната боксерска федерација, која според мене ми направи неправда. Сепак, Алах е со мене“, порача Имане Келиф.