Голема неправда за Никола Јокиќ и Стеф Кари: Леброн Џејмс е МВП на кошаркарскиот турнир

Леброн Џејмс е прогласен за најкорисен кошаркар според ФИБА на кошаркарскиот турнир на Летните олимписки игри во Париз. 39-годишниот кошаркар МВП признанието го понесе со ефект од 17 поени, 10.2 асистенции и 8.2 скока по натпревар.

Според многумина ова ласкаво признание требаше да заврши во рацете на Никола Јокиќ или на Стеф Кари. Србинот турнирот го заврши со ефект од 18.8 поени, 10.7 скокови и 8.7 асистенции по натпревар, додека Стеф Кари беше најзаслужен за победите над Србија во полуфиналето и над Франција во финалето со големиот број на тројки кои ги постигна.

https://twitter.com/FIBA/status/1822391504691675210?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1822391504691675210%7Ctwgr%5Ea89bf68120329e39dc5c85a832494366ad761e83%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Fkosarka%2Fnikola-jokic-lebron-james-mvp%2F479841

Во идеалната петторка на турнирот се најдоа: Леброн Џејмс, Стеф Кари, Виктор Вембанјама, Никола Јокиќ и Денис Шредер.

- Оглас -

Најнови вести