Репрезентацијата на Шпанија ја совлада Словенија со 23-22 и дојде до бронзениот медал на машкиот ракометен турнир на Летните олимписки игри во Париз. За Шпанија ова е петти бронзен медал на ракометните турнири на Олимпијадите, на исто толку учества во полуфиналињата. Шпанија никогаш не играла финале, но и никогаш не загубила во борбата за третата позиција.
Целиот натпревар против Словенија мина израмнето, првото полувреме, 12-12, а лесно можеше да се случи и на крајот да нема победник па да се играат продолженија. Шпанија во финишот имаше водство од 23-21, Словенија намали на еден негатива од пенал, но последниот нападн на „црвената фурија“ заглави, па словенците имаа 13 секунди за реми и продолженија.
Сепак, ударот на Мачковшек беше лесен плен за Де Варгас, кој успеа да ја одбрани победата и бронзениот медал за Шпанија. Во финалето ќе играат репрезентациите на Данска и Германија