Италијанскиот гигант Јувентус ги прави последните подоготовки пред стартот на новата сезона. Според португалските медиуми, на чекор од трансфер во Старата дама е Франсиско Консеисао од Порто.
Португалскиот репрезентативец кој има само 21 година се наоѓа во одлична форма и сигурно би бил одлично засилување за Јувентус по крилната офанзивна линија. Најавите се дека е договорено Консеисао да одигра една сезона како позајмен играч во тимот од Торино, а потоа Јувентус да го откупи неговиот договор од Порто, и тоа за сума меѓу 30 и 35 милиони евра.
Консеисао имаше одлична сезона во Порто, беше дел и од Португалската репрезентација на Европското првенство, каде што постигна и еден гол. Инаку, Франсиско потекнува од фудбалско семејство. Тој е син на прославениот португалски играч Сержо Консеисао.