Бизарен момент на претставувањето на засилувањето за кое Баерн плати 53 милиони евра (Фото)

Мишел Олисе денеска беше преставен како нов фудбалер на Баерн Минхен, а во фокусот беше начинот на којшто Французинот беше дочекан од страна на челниците на германскиот гигант. Баерн Минхен уште пред еден месец официјално беше најавен како нов играч на најтрофејниот германски клуб, откако за него Баерн на Кристал палас му плати 53 милиони евра.

Олисе потпиша договор според кој на „Алијанц арената“ треба да остане до 2029 година. На промоцијата, Олисе беше дочекан со торта, на која беа нацртани олимписките кругови и тортата делуваше како да е медал.

Сепак, веројатно во Баерн Минхен не ги следеле доволно внимателно Игрите во Париз, затоа што Франција загуби во финалето од Шпанија со 5:3 дури по 120 минути игра. Кога се доделуваа медалите, Олисе беше единствен од сите фудбалери на Франција кој реши веднаш само што го доби медалот, да го извади од својот врат и да го стави в џеб.

Овој потег на Олисе наиде на реакции кај јавноста бидејќи не го испочитувал сребрениот медал. И додека Олисе беше на „тапет“ поради тој негов потег, во Баерн го дочекаа со торта во облик на медал, а на фудбалерот уште еднаш „му се стемни“.

- Оглас -

Најнови вести