Еден од најдобрите светски фудбалери во моментов, Бразилецот Винисиус, има активен договор со Реал Мадрид до летото 2027 година со откупна клаузула од една милијарда евра. На негова адреса во моментов има понуда од Ал-Ахли од Саудиска Арабија, со што би станал најплатениот спортист во историјата, но фудбалерот одлучи оваа сезона да остане во Реал Мадрид, а до следното лето да ја разгледуваат понудаата со неговиот менаџерски тим.
Клубот од Саудиска Арабија е подготвен да ја активира откупната клаузула и да плати една милијарда евра, а Винисиус да стане и промотор на Светското првенство кое ќе се одржи на Блискиот исток во 2034 година. Флорентино Перес се обиде да ги престигне Арапите и му понуди продолжување на договорот на Винисус, но ваквата понуда веднаш беше одбиена од неговите агенти.