Баерн Минхен како одвај да чекаше Холштајн Кил да влезе во Бундеслигата и да му се одмазди за срамот кој му го нанесе во јануари 2021 година. Тогаш Кил приреди сензација и на пенали го елиминираше Баерн, а денеска Баварците во прволигашки меч го разбија Кил со 6-1.
Веќе во 14-та секунда беше 1-0, во 13-та минута беше 3-0 за Баерн, а до полувреме беше 4-0. Потоа прв гол во дресот на Баерн даде и новото засилување Олисе, а Хари Кејн направи хет-трик и му најавува битка на Ерлинг Халанд за „Златната копачка“.
После три кола сезонава Баерн има постигнато 11, а Кил примено 11 голови.
Кејн има дадено гол против сите 18 противници со кои се соочил во Бундеслигата, иако само втора сезона е во Германија. Во историјата на Бундеслигата, само Мирослав Клозе дал гол против сите противници, а биле повеќе од тие на Кејн. Клозе дал гол против 28 различни ривали.