Хрватот Иван Јуриќ е нов тренер на Рома и тој веднаш се фати за работа – треба да го води вечерниот тренинг на Волчицата.
Рома, која по првите четири кола во Серија А сезонава уште нема победа, се раздели со Даниеле де Роси, а за нов тренер го договори Јуриќ, кој во претходните три сезони беше на клупата на Торино, пред тоа ги водеше Верона, Џенова, Кротоне и Мантова и има големо искуство во италијанскиот фудбал.
Договорот на Јуриќ со Рома ќе биде до крајот на сезонава, со можност за продолжување ако тимот се пласира во Лигата на шампионите.