Комплетното седмо коло од Првата Македонска фудбалска лига ќе се одигра денес, а сите натпревари се дел од богата понуда на Sport Life. Најинтересно се очекува да биде на дуелот на поранешните шампиони Вардар и Силекс, натпревар кој ќе се игра под рефлектори на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје со почеток во 20 часот.
Вардар минатото коло со победа си замина од Кавадарци, а сега сака нови бодови и против Силекс, иако според квотите, гостите се фаворити со 2.17. Квотата за победа на Вардар е одлична, 3.10.
Интересно ќе биде и во скопската насебла Маџари, каде што третопласираниот Гостивар го пречекува лидерот Шкендија, а второпласираниот Работнички гостува во Битола кај Пелистер. На останатите натпревари, Брера на домашен терен го пречекува Тиквеш, Шкупи во Чаир игра против Беса, а Струга гостува во Охрид против Воска.
Освен натпреварот Вардар – Силекс, сите останати дуели од седмото коло започнуваат во 15 часот.