Барселона продолжува да гази: Флик е само трет тренер кому ова му успеало (Видео)

Барселона минимално со 1:0 славеше на свој терен против Хетафе во меч од седмото коло на шпанската Примера дивисион. Роберт Левандовски е стрелец на голот кој донесе нови три бода за каталонскиот гигант. Полскиот голгетер беше прецизен во 18-тата минута, потег кој на крајот се покажа како клучен за да се одреди победникот на овој дуел.

Со оваа победа, тренерот Ханси Флик влезе во едно одбрано друштво. Тој е само третиот кој успеал на стартот од сезоната да има седум победи во првите седум средби во шпанското првенство. Пред него тоа му успеало само и на Херардо Мартино во 2013 година и на Ернесто Валверде во 2017 година.

 

- Оглас -

Најнови вести