Конечно се најде некој што ќе го победи жилавиот Емполи (Видео)

Лацио со гол на Шпанецот Педро во 84-та минута, дојде до победа против Емполи од 2-1, и со тоа на Емполи му го нанесе првиот сезонски пораз. Сега во Серија А непоразен е само Јувентус.

Педро даде гол и во минатото коло, и за првпат по декември 2021 година успеа да постигне погодок на две средби по ред.

Емполи поведе на „Олимпико“, во 51-ва минута при резултат 1-1, Лацио не реализираше пенал, но на крај сепак римските Орли освоија три бода благодарение на резервистот од Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести