Јане Николоски замина од клупата на Победа

Македонскиот фудбалски второлигаш Победа информираше дека со взаемна согласност ја прекинува соработката со тренерот Јане Николоски. Поранешниот репрезентативен голман минатата сезона успеа да го спаси тимот од испаѓање, но сега дојде до разделба.


„Клубот му се заблагодарува на Јане Николоски за неговата посветеност, труд и сите достигнувања што ги постигнавме заедно за време на неговиот мандат. Се надеваме дека ќе има успех во сите негови идни професионални потфати. Нашиот фокус сега е на избор на нов тренер кој ќе продолжи да го води тимот кон нови предизвици и успеси. Клубот останува посветен на својата цел да обезбеди најдобри услови за своите играчи и навивачи“, истакнуваат од ФК Победа.

Победа денеска загуби од Башкими со 3-1 во седмото коло од Втората фудбалска лига.

- Оглас -

Најнови вести