Постигна историски гол против Баерн Минхен и веднаш доби нов договор дури до 2030 година!

Англискиот тим Астон вила дури 41 година чекаше да заигра во елитната лига на УЕФА, и тоа конечно им успеа сезонава, каде што е дел од групната фаза во Лигата на шампионите.

Не само што игра во ЛШ, туку Астон вила е само еден од седумте клубови коишто имаат максимални шест бода по првите две кола. Во првиот меч, тимот од Бирмингам убедливо со 3:0 славеше над Јанг бојс, а потоа пред своите навивачи го изненади и Баерн Минхен.

Германскиот гигант беше голем фаворит, но Астон вила со погодокот на Џон Дуран стигна до победа од 1:0. За Баерн Минхен ова беше прв пораз во групна фаза од ЛШ по пауза дури од седум сезони. За Дуран ова е петти погодок сезонава, а беше постигнат на спектакуларен начин, кога од далечина го матираше Мануел Нојер.

https://twitter.com/i/status/1841807814739505268

Токму по тој меч, челниците на Астон вила решија да реагираат и на Дуран му дадоа нов договор кој го обврзува да остане во тимот од Бирмингам до јуни 2030 година. Дуран е колумбиски репрезентативец кој дојде во Астон вила во јануари 2023 година, и тоа од тимот на Чикаго фајр од американската МЛС.

- Оглас -

Најнови вести