Обложувалниците веруваат во силата на Македонија, фаворити сме за победа против Летонија

Македонската фудбалска репрезентација ги започна подготовките за следните два меча од Лигата на нации. Нашата селекција има две гостувања. Според распоредот, прво ќе играме против Летонија во Рига на 10 октомври, а три дена подоцна следува и гостувањето во Ереван кога ќе излеземе на мегдан против Ерменија.

Според квотите во Sport Life, Македонија е фаворит за победа на гостувањето кај Летонија. И традицијата вели дека ќе биде „двојка“ во Рига. Против овој ривал имаме одиграно три меча и Македонија три пати се радувала, а вкупната гол-разлика е седум дадени погодоци за Македонија и само два примени гола.

 

- Оглас -

Најнови вести