6102 Италија – Белгија (20:45 ч.)
Италија има максимални шест бода по првите две кола и тоа одиграни на гостински терен, а сега прв пат ќе игра на домашен терен и тоа против Белгија. На последните седум меѓусебни дуели, Италија има пет победи, а Белгија два пати се радувала.
На пет од тие средби било гол-гол со 3+, а ако се погледнат сите седум дуели, секогаш имало меѓу два и четири погодоци, што значи дека се игра ефикасно.
Предлог тип: 1Х&2-4 (1.96)
6101 Израел – Франција (20:45 ч.)
Израел како домаќин игра во Будимпешта што значи дека нема голема предност од тој аспект. Франција ако сака да остане во трка за првите две места, едноставно денеска не смее да си дозволи да киксне.
Израел има четири порази на последните пет натпревари и прими дури 12 погодоци, што значи дека одбраната им е послаб дел во екипата.
Предлог тип: 2-2&3+ (1.93)
6113 Австрија – Казахстан (20:45 ч.)
Австриците се без победа по првите две кола, па дуелот против Казахстан е вистинска можност за конечно да се израдуваат. На осум од последните девет дуели што Австрија ги одигра е со гол-гол комбинација. Против Казахстан имаат одиграно четири средби и никогаш не примиле погодок, а факт е дека Австрија и сега треба без многу проблеми да ги освои трите бодови.
Предлог тип: Т1 1-3 I & 1-3 II (1.70)
6112 Финска – Ирска (20:45 ч.)
Ова се двете селекции кои не само што имаат нула бодови по првите две кола, туку немаат постигнато ниту еден гол, ниту Финска, ниту Ирска.
Финска има само една победа во последните шест дуели, а Ирска е со уште послаб биланс бидејќи има само една радост во последните осум натпревари што ги одигра. Кај двете селекции најголем проблем е офанзивната линија и тешко постигнуваат погодоци.
Предлог тип: 1Х&0-2 (2.02)
6122 Фарски Острови – Ерменија (20:45 ч.)
Ерменија е најголемиот ривал на Македонија во борба за првото место во групата и нивна цел е да победат на гости кај Фарски Острови. Ерменците убедливо ја победија Летонија, а потоа Летонија славеше над Фарски Острови, што може да покаже дека на денешниот дуел, поголема е веројатноста да биде „двојка“.
Предлог тип: 2 (2.17)