Македонија по бод(ови) во Ерменија, Фарските острови дома не губат ниту од Летонија (Фото)

6129 Ерменија – Македонија (18:00)

Фудбалската репрезентација на Македонија денес гостува во Ерменија и бод ќе ѝ биде доволен за да го задржи првото место на табелата. Македонија знае и како е да се победи во Ереван, но и како е да се загуби, а ние посакуваме да биде како во 2021-вата кога победивме со 0-5. На последните три меѓусебни натпревари победуваше Македонија со 2-0, 3-1 и 5-0, па очекуваме дека така ќе биде и вечерва.

Предлог тип: Х2 & 1+ прво  (2.50)

 

6708 Фарски острови – Летонија (20:45)

Фарските острови на домашен терен во овој циклус не загубија ниту од Македонија (1-1), ниту од Ерменија (2-2), а вечерва го пречекуваат можеби и најголемиот аутсајдер во нашата група, Летонија. Дуелот против летонците можеби е последната шанса за Фарските острови да забележат победа во групата, но и да го избегнат последното место и испаѓањето во дивизијата „Д“ на Лигата на нации. Овие две репрезентации трипати имаат играно на Фарските острови и сите три натпревари завршиле нерешено.

Предлог тип: 1Х & 2+ (2.01)

 

6120 Финска – Англија (18:00)

Репрезентацијата на Англија после киксот на домашен терен против Грција, нема право на нова грешка на гостувањето кај Финска. Англичаните се големи фаворити и од нив се очекува победа, но и ефикасен фудбал. Финска е во катастрофална серија од пет натпревари без победа, на кои имаат само едно реми и четири порази, а во меѓусебните дуели никогаш ја немаат победено Англија, најголемиот дострел им се двата нерешени резултати.

Предлог тип: 2 & 3+ (1.87)

 

6717 Австрија – Норвешка (20:45)

Австрија и Норвешка важат за ефикасни репрезентации, а тоа го покажуваат и нивните меѓусебни натпревари. На последните три секогаш се треселе и двете мрежи. По еднаш победиле со по 2-1, а еден меч завршил 1-1. Пет од последните шест меча на Австрија завршувале „гол-гол“, додека кај Норвешка тоа е случај на два од последните четири натпревари.

Предлог тип: ГГ и 3+  (2.35)

 

5151 Бурунди – Буркина Фасо (18:00)

Во Африка се играат квалификациите за Африканскиот куп на нации, а во единствениот денешен натпревар, Буркина Фасо е фаворит против Бурунди на мечот кој се игра на неутрален терен, во главниот град на Брегот на слоновата коска, Абиџан. Буркина Фасо и Сенегал имаат по седум бода после три натпревари и ја продолжуваат мртвата трка за првата позиција, но со оглед дека и вториот патува на континенталниот собир, евентуална победа над Бурунди ќе значи и теоретски обезбеден пласман за Буркина Фасо.

Предлог тип: 2 & 0-3 (1.97)

- Оглас -

Најнови вести