6102 Италија – Израел (20:45)
Репрезентацијата на Италија е апсолутен фаворит против Израел. Тоа го кажуваат не само квотите, туку и моменталната состојба на табелата. Италија е прва во групата со седум бода, додека Израел е последен без поени. На првиот меч кој се одигра на неутрален терен во Будимпешта, Италија славеше со 1-2, а израелците се во серија од три порази по ред, односно имаат пет порази на последните шест меча. Во меѓусебните натпревари, Италија е далеку подобра и на шестте меча има пет победи и само едно реми и тоа во далечната 1970-та година.
Предлог тип: 1-1 & 3+ (2.06)
6109 Белгија – Франција (20:45)
Ефикасен меч се очекува во Брисал, на дуелот помеѓу Белгија и Франција. Кога ќе се споменат овие две селекции, првата асоцијација се головите, а денес нив ги очекуваме во двете мрежи. Белгијците на последниот меч одиграа „гол-гол“ против Италија, односно 2-2, а слично беше и на мечот помеѓу Израел и Франција, кој заврши во корист на “триколорите“ со 1-4.
Предлог тип: ГГ и 3+ (2.21)
6110 Германија – Холандија (20:45)
Германија и Холандија имаат одличен просек на голови во ова издание на Лигата на нации. Германците имаат гол-разлика од 9-3 на три меча, додека Холандија 8-5, па она што може да се очекува од натпреварот во Минхен секако дека се головите. Последните шест меѓусебни дуели на овие две селекции завршија „гол-гол“, а на пет од нив имаше и најмалку три гола.
Предлог тип: ГГ & 1+I & 1+II (1.84)
6111 Грузија – Албанија (18:00)
Репрезентацијата на Грузија во последните неколку години е во голем подем, а тоа го покажа и со резултатите и на Европското првенство. Во ова издание на Лигата на нации веќе еднаш ја совладаа Албанија и тоа на гостински терен во Тирана со 0-1. Борбата за првото место во групата ја водат против Чешка, па победата на денешниот меч ќе им го олесни патот до повисок ранг. Овие две селекции имаат одиграно голем број на меѓусебни дуели, а Грузија нема пораз на последните шест меча. На домашен терен немаат никогаш загубено од Албанија.
Предлог тип: 1 (2.00)
6707 Велс – Црна Гора (20:45)
Репрезентацијата на Црна Гора од меч во меч поставува негативна рекорди, па затоа е последна во својата група без бодови. Велс е второпласиран со пет бода и е голем фаворит на денешниот меч. Црна Гора има пет порази по ред со катастрофална гол-разлика од 2-10, додека Велс во мечот влегува со серија од три натпревари без пораз. Кога се работи за меѓусебните дуели, Велс победа на последните два, а Црна Гора последен пат се радувала против денешниот противник во 2010-тата година.
Предлог тип: 1 & 1+ пол. (2.13)