Треба да се дерби дуели во Англија и Италија, а прогнозерите даваат голема предност на два домаќини и еден гостин

Мечеви од Топ 5 лигите во Европа има во паровите од седмото коло на Спортска прогноза, а три меча се посебно интересни затоа што го имаат епитетот на дерби. В сабота, Јувентус во Торино ќе го пречека Лацио, а преку 83 отсто од прогнозерите веруваат дека Старата дама ќе победи.

Во Англија, на „Енфилд роуд“, Ливерпул ќе биде домаќин на Челзи, а безмалку три четвртини од прогнозерите одиграа „кец“. На „Олимпико“ во Рим, Рома го пречекува Интер, а преку 60 отсто очекуваат актуелниот италијански првак да победи, иако игра на гостински терен.

И останатите 10 натпревари кои се одбрани како предизвик да се погоди фиксот се интересни мечеви, па на секој прогнозер останува „задачата“ да се обидат да погодат Среќна 13-ка, односно да ги погодат фиксовите на сите 13 средби. Експертот кој ќе успее да направи перфектно типување, односно да ги погоди сите 13 парови, ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт Тв Самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен Тротинет, PlayStation®5).

За 12 погодени фуксови следува вредносен ваучер од Sport Life од 1.000 денари, а за 11-ка ваучерот е 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести