Шарл Леклер е победник на трката за големата награда на САД, откако имаше блескаво возење на патеката во Тексас. Возачот на Ферари беше четврти по квалификациите, но на стартот од трката беше фантастичен и по првиот свиок стигна до лидерското место. Од тој момент, до крајот на трката Леклер доминираше на патеката.
„Многу сум среќен. Имав доверба пред трката и убаво е да се освои еден-два победа на крајот“
Доминацијата на Ферари беше надополнета со возењето на Карлос Саинц кој од третото место на стартот, стигна до втората позиција и комплетираше еден-два победа за Ферари. Ова е втора еден-два победа за Ферари сезонава, по таа во Австралија.
IT’S CHARLES!!!
LECLERC WINS IN AUSTIN!!! 🤩#F1 #USGP pic.twitter.com/JGEtAj876k
— Formula 1 (@F1) October 20, 2024
Стартно-целната рамнина трет ја помина Ландо Норис, но на крајот третото место го освои Макс Ферстапен, затоа што Норис доби казна од пет секунди, па Холанѓанецот кој влезе во целта како четврти со три секунди зад третопласираниот, на крајот си доби место на пиедесталот.