Салах го спаси Ливерпул од пораз, но најзадоволни од ремито на „Емирати“ се во Манчестер сити (Видео)

Фудбалерите на Арсенал и Ливерпул одиграа фантастичен дерби натпревар на „Емирати“, на кој на крајот немаше победник., односно заврши 2-2. Арсенал може да жали, бидејќи двапати имаше водство, најпрво од 1-0, а потоа и од 2-1.

Сака уште во деветтата минута ги донесе „топчиите“ во водство, но Ван Дијк во 18-тата израмни на 1-1. Во 43-тата минута Арсенал повторно доаѓа во водство, овојпат преку Мерино. Ливерпул се спаси од пораз во 81-вата минута преку Мохамед Салах.

Најголемо задоволство од ова реми има во редовите на Манчестер сити, бидејќи актуелниот шампион на Англија сега е нов лидер на табелата со еден бод повеќе од Ливерпул и пет плус од Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести