Типувањето за новото, деветто коло од најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, веќе е отворено. Нови 13 натпревари се дел од понудата, а најуспешните ќе може да си одберат подарок од Sport Life.
Најголеми предизвици за играчите на Спортската прогноза во новото коло ќе бидат дерби-дуелите во Бундес и Премиер лигата. Во Германија се среќаваат Борусија Дортмунд и Лајпциг, додека во Англија играат Манчестер јунајтед и Челзи.
Најмногу натпревари има од Премиер лигата, дури пет, следува Бундеслигата со три, Серија А и Лига 1 се застапени со по два меча, додека еден натпревар е од Ла Лига.
Прогнозерот кој ќе има погодени 13 натпревари ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.