Легендарната американска скијачка Линдзи Вон објави дека му се враќа на скијањето, и тоа по пет години откако ја прекина кариерата. Една од најдобрите на сите времиња имаше многу повреди, а сите ги изненади нејзината одлука да се врати сезонава и да биде дел од Светскиот куп.
Вон веднаш е вратена да биде дел од американската репрезентација, а уште не се знае точно кога ќе биде нејзината прва трка сезонава. Во блескавата кариера, Американката има освоено три златни олимписки медали и една бронза на Игрите, а дури четирипати го освојуваше Големиот кристален глобус, плус има и осум медали од светските скијачки првенства.
She’s back! 🥇🇺🇸
After retiring in 2019, Olympic gold medalist @lindseyvonn is now returning to the slopes for training with the @usskiteam. pic.twitter.com/3NHp0UFaZV
— Team USA (@TeamUSA) November 14, 2024