Легендарниот уругвајски фудбалер заигра професионален тенис, публиката го поздрави со овации (Видео)

Легендарниот уругвајски напаѓач Диего Форлан по завршувањето на фудбалската кариера, му се врати на тенисот, спортот кој го тренирал како мал, а во еден период и паралелно со фудбалот. Четириесет и петгодишниот Форлан досега настапуваше само на аматерски турнири, но конечно на челенџерот во Монтевидео го имаше и своето деби во професионалниот тенис.

Тој настапи во конкуренција на двојки заедно со Федерико Корија, но имаше неуспешно деби бидејќи беа поразени уште во првото коло со 2-0 од боливиската двојка Аријас и Себаљос, 6-1 и 6-2 по сетови.

Сепак, публиката знаеше да го поздрави настапот на Форлан, па со овации го испрати од теренот.

- Оглас -

Најнови вести