Тешка недела за Меси: Порази со Интер и Аргентина, впери прст кон бразилскиот судија (Видео)

Во саботата Лионел Меси со Интер Мајами неочекувано беше елиминиран од плејофот во МЛС-лигата, а синоќа Аргентина предводена од Меси загуби од Парагвај во квалификациите за СП 2026, па кај еден од најдобрите фудбалери на сите времиња се гледаше голема лутина.

Меси својот бес го истури врз судијата Андерсон Даронко од Бразил. Нервозниот Лео со прст мафташе кон судијата и му порачал дека е „кукавица“ и дека „си го покажал вистинското лице“, а на крајот му кажал: „Не ми се допаѓаш“.

Реакцијата на Меси е поради тоа што Аргентинците сметаат дека Омар Алдерете требало да добие втор жолт картон во првото полувреме. Судијата му го прости вториот груб фаул и не го исклучи, а Алдерете во вториот дел го постигна победничкиот гол за Парагвајците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести