Кошаркарска Црна Гора слави пласман на Евробаскетот 2025. Вечерва во Ботевград, црногорските Соколи предводени од еден поранешен играч на скопските Карпош Соколи ја надиграа Бугарија со 90-86.
Кендрик Пери, кој како натурализиран игра за Црна Гора, со 31 поен и четири асистенции беше предводник на Црногорците против нашиот источен сосед.
За Црна Гора тоа ќе биде петто учество на европските првенства, а Пери веројатно веќе нема да игра за нивниот национален тим, па за крај им подари место на ЕП.