Вчерашниот ден во Англија беше одбележан со неколку инциденти за време на две дербија, едно во Премиер лигата, едно во Шампионат лигата. Бирмингам доживотно го суспендираше хулиганот кој го нападна капитенот на Астон вила, Џек Грилиш, а такви мерки презеде и Арсенал во случајот за хулиганот кој вчера влета на теренот по вториот гол на домаќините и го турна дефанзивецот на Јунајтед, Крис Смолинг.
И нему му е забранет пристапот на „Емирати“ засекогаш, а исто така нема право да присуствува и на гостинските натпревари на Арсенал.
„Го осудуваме однесувањето на личноста која втрча на теренот и му пријде на Смолинг. Прво им се извинуваме на играчот и на Манчестер јунајтед, а воедно на наше задоволство сакаме да соопштиме дека личноста е уапсена и ќе ѝ биде забранет пристапот на нашиот стадион. Исто така нема право да присуствува и на мечевите надвор од „Емирати“, стои во соопштението на Арсенал.
Полицијата подоцна соопшти дека хулиганот е приведен под сомнение за упад на терен и физички напад.
https://twitter.com/SkySportsPL/status/1104806145347198977?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1104806145347198977&ref_url=https%3A%2F%2Fsportmanija.mk%2Fden-za-intsidenti-vo-anglija-navivach-na-arsenal-vleta-na-teren-i-go-turna-smoling-video%2F