На Олимпијакос одземени уште шест бода

Како што се очекуваше, Олимпијакос повторно е казнет од страна на грчката кошаркарска федерација со одземање на шест бода. Црвено-белите не настапија на предвидениот натпревар против Панатинаикос во 19-тото коло од грчкиот шампионат, а откако комисијата додели службена победа за ривалот со 20-0, а покрај одземените бодови Олимпијакос мора да плати и парична казна од 11.000 евра.

На грчкиот гигант веќе му се одземени шест бода за одбивање да го доигра полуфиналниот меч против ПАО во грчкиот Куп, а доколку повторно се одлучат за ваков потег, тимот кој го води Дејвид Блет ќе биде преместен во второто по квалитет грчко кошаркарско првенство.

Од таборото на Олимпијакос испрати жалба за оваа казна, а тие веќе размислуваат да го напуштат националниот шампионат во Грција и од следната сезона да учествуваат во АБА лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести