Меси: Син ми ме прашува „Зошто те убиваат во Аргентина“

Лионел Меси вели дека сè би дал за трофеј со Аргентина на големо натпреварување, но и дека не поднесува лаги и дека секогаш давал максимум за репрезентацијата.

„Кој фудбалер на сака да биде светски шампион со својата земја? Не постои таков, а Меси, напротив, сè би дал за да биде шампион со Аргентина. Но, не поднесувам лаги кои се шират без причина за мене. Секогаш давам максимум за мојата земја и за клубот. Лагите доведоа до ситуација син ми да ме праша ‘Зошто те убиваат во Аргентина’, вели Меси во опширното интервју за аргентинското радио 94.7 Клуб Октубре.

Тој додава дека не можел да игра против Мароко поради повреда, а и дека ќе игра за репрезентацијата на Аргентина сè додека добива повик од селекторите.

„Можеби мојата грешка е што не потенцирам често колку ја сакам својата земја. Па тоа се подразбира и се покажува со дела. Но, веројатно подобро минуваат тие што се силни на зборови“ додава Меси.

Вели и дека тој не ги бира селекторите на Аргентина, ниту одредува кој ќе игра и дека тоа се само шпекулации.

„Луѓето треба да разберат дека ширењето такви лаги влијаат на моето семејство, секако и мене, на моите пријатели… Но, јас нема да се откажам од Аргентина“, додава големиот ас во интервјуто за аргентинското радио 94.7 Клуб Октубре.

- Оглас -

Најнови вести