Наполи ја користи кризата на „римската волчица“

Рома – Наполи (15 часот)

Рома бие една од клучните битки за задржување на шансите за настап во Лигата на шампионите, но ќе игра против еден од најдобрите состави во Серија А.

Кризата е очигледна во таборот на „римската волчица“, а има недоразбирања на повеќе нивоа. Спортскиот директор Мончи си замина, тренерот Ди Франческо беше сменет, а ниту Клаудио Раниери немаше многу успех на стартот. Дебитираше со победа против Емполи, но веднаш потоа Рома загуби од Спал, што е неуспех.

Навивачите не се задоволни од резултатите, особено ги пече елиминацијата од Лигата на шампионите и срамот во Фиренца во купот, кога Рома загуби со 1:7 од Фиорентина, па ситуацијата е сложена.

Тука треба да се има в предвид и статистиката, која вели дека на последните пет меѓусебни дуели гостинските екипи минуваат подобро и немаат пораз. Сега во таа улога е Наполи, екипа која игра стандардно добро во последните неколку години и според нас е фаворит за победа.

Предлог тип: Х2&Т2 2+ (2.30) Квота на денот

 

Фиорентина – Торино (15 часот)

Торино се уште има добри шанси за пробив до позициите кои водат во Европа. Популарните „бикови“ се на само еден бод до шестото место, кое гарантира квалификации за настап во Европа Лигата.

Проблем за нив е што Фиорентина им е многу незгоден ривал во последно време. На последните пет меча „виолетовите“ немаат пораз од Торино, а го елиминираа во јануари и во осминафиналето во купот.

Фиорентина има мали шанси преку првенството да обезбеди настап во Европа Лигата, но уште е во игра во националниот куп. Ги чека реванш со Аталанта во полуфиналето, па можно е дел од играчите да одморат. Неизвесен е настапот на Федерико Киеза, сигурно нема да играат Пецела и Рог, а во последен час Стефано Пиоли ќе знае дали и Фернадес ќе може да игра.

Мотивите се на страната на гостите и време е да ја прекинат низата од пет меча без победа против Фиорентина.

Предлог тип: Х2&Т2 2+ (3.45)

 

Хановер – Шалке 04 (15.30 часот)

Хановер е фенерџија во Бундеслигата по вчерашниот триумф на Нирнберг против Аугсбург, а серијата од шест порази по ред веројатно ќе ги чини и преселба во Цвајта.

И Шалке 04 е во лоша ситуација и ако не направи пресврт можно е да се случи чудо и тие да му се приклучат на Хановер во втората лига. Тимот од Гелзенкирхен е едно од најнепријатните изненадувања во германското првенство и има само 23 бода, три повеќе од зоната за испаѓање. Време е за пресврт и победа на екипата што играше во осминафиналето во ЛШ.

Предлог тип: 2 (1.85)

 

Ливерпул – Тотенхем (17.30 часот)

Ливерпул е непоразен од 7. јануари, кога загуби од Вулверхемптон во ФА купот, а потоа следеше серија од 12 меча без пораз. Уште се во трка со шампионот Манчестер сити за титулата во Премиерлигата и кикс за нив не доаѓа во предвид. Не им одговара ниту реми, но Тотенхем е одлична екипа, предводена од еден од најдобрите стрелци во Лигата, Хари Кејн.

Гостите имаат одлични индивидуалци и компактен тим кој игра долго заедно. Влегоа во мини-криза со четири меча без победа и си го загрозија третото место. Ливерпул е во подобра форма, мотивите им се до небо во обидот да ја освојат првата шампионска круна по пауза од 29 години и се поблиску до победата, носени на крилјата на извонредниот коп на „Енфилд Роуд“.

Предлог тип: 1Х&ГГ (2.15) Квота на денот

 

Реал Мадрид – Уеска (20.45 часот)

Зинедин Зидан има победнички менталитет, тоа му беше особина и како играч, а се потврди и како успешен тренер, па ќе се обиде да ги мотивира играчите да се забележи третата победа по ред под негова команда.

Реал и нема некаков императив за победа, освен што тоа се подразбира за клуб што го носи прекарот „кралски“. Уеска е во ситуација да игра на се, или ништо ако сака да побегне од последното место во Ла Лига.

Гостите играат многу подобро во вториот дел од сезоната, но разликата во квалитет е сепак голема во корист на се уште актуелниот европски првак.

Предлог тип: 1-1&4+ (2.20) Квота на денот

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести