Лацио испратил понуда за Елмас! Фенер треба да каже дали прифаќа 15 милиони евра

Сè почесто се споменува дека Елиф Елмас ќе си замине од Фенербахче на крајот од сезонава. Македонскиот репрезентативец е цел на повеќе европски екипи, а последен во низата е Лацио. Италијанскиот калчолигаш би сакал во летниот преоден рок да го доведе талентираниот играч од средниот ред.

Според пишувањата, спортскиот директор на Лацио, Игли Таре, веќе направил контакт со челниците на турскиот гигант. Понудата на Лацио е 15 милиони евра за трансфер на Елмас во летниот преоден рок. Македонскиот интернационалец е еден од најталентираните играчи на својата позиција, а од Лацио потенцираат дека размислуваат за иднината.

Тимот од „Олимпико“ сезонава главна цел му е да стигне до четвртото место на табелата и да се избори за настап во Лигата на шампионите за следната сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести