Фатен хакерот што му лапна два милиони евра на Лацио

Хакерот кој му лапна два милиони евра на Лацио, претставувајќи се како директор на Феенорд конечно е откриен и приведен и ќе одговара за измама. И тоа каква, веројатно невидена во фудбалскиот свет.

Човекот е од Франција, а упасен е во Швајцарија и приреди невиден трик на кој наседна раководството на Лацио. Во прашање беше трансферот на Де Фрај од Феенорд во Лацио, а кога остана последната транша од два милиони евра се вмеша францускиот хакер.

Целата ситуација малку е и смешна, а многу наивно наседнаа „лацијалите“. Францускиот жител отворил сметка во истата банка каде резидент е и Феенорд и веднаш претставувајќи се како директор на холандскиот клуб им испратил мејл на римјаните со барање да се исплати последната рата од договорот за трансферот на Де Фрај. Од Лацио ги уплатија парите и потоа дојде до спор со Феенорд.

Холанѓаните реагираа на доцнењето на Лацио, па дојде до кавга и на крајот се откри и измамата. Сега на ред е судењето на измамникот, кој по долг период е фатен во Швајцарија.

- Оглас -

Најнови вести